Рускиот заменик-началник за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска зборуваше за моменталната ситуација во Украина како и за тоа надвор од украинските граници.

Тој изјави дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“, со што ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина. САД неодамна испратија ракетни фрлачи HIMARS на украинската армија.

Медведев им се закани на сите западни сили и на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија.

Западните медиуми го опишуваат Медведев како човек кој секогаш се согласува со рускиот претседател Владимир Путин. Коментирајќи на својот профил на Телеграм, тој рече дека автоматски мрази секој што шири лаги против Русија.

– Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку строги и брутални. Одговорот е затоа што ги мразам. Мразам секој што шири лаги против Русија. Сакаат смрт за Русија и јас ќе направам се таквите луѓе да исчезнат, изјави Медведев.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги прошири своите воени планови доколку продолжи масовната испорака на оружје за Украина.

– Јавачите на апокалипсата доаѓаат, рече тој, алудирајќи на САД.