Од мај годинава надлежните институции во Црна Гора заплениле повеќе цигари, отколку која било друга земја во Европа, тврди министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.

Во Барското пристаниште одземени се осум контејнери, приближно четири илјади пакети со цигари, чија вредност изнесува околу 3,5 милиони евра.

Аџиќ најави дека ќе продолжат активностите на надлежните институции, насочени кон борбата против шверц со цигари.