Кирил МИНОСКИ, елс министер за финансии
„Корупцијата како метод на владеење – распадот на Римското царство “
Една од клучните причини за пропаѓањето на империите и државите е ендемската корупција, која навлегува во сите пори на општеството и го разорува одвнатре.
Така и падот на Римското Царство не се случи преку ноќ. Најпрвин, Републиката се трансформираше во Диктатура, каде апсолутизмот го посеа семето на внатрешните болести:
• корупција,
• морален распад,
• непотизам,
• слабеење на институциите,
• пад на јавниот интерес и довербата.
На крај – следеше пропаста.
Корупцијата не е несреќен случај. Таа најчесто е систем, метод на владеење, и најважно – главен мотив за доаѓање на власт.
Искуството покажува дека кога некој победува на избори, тоа често не значи победа на граѓаните – туку сигнал за делење на плен:
• директорски позиции за „свои“,
• тендери за фирми на „свои“,
• буџетски пари како приватна каса за „свои“.
Сè се сведува на една цел: брзо лично збогатување – од првиот ден.
Во таков систем:
• Чесноста е закана,
• Стручноста е непријател,
• Вредностите се само маркетинг.
И кога ќе се прашаме: „Зошто ништо не ни оди?“ – одговорот е едноставен:
Подаништвото и послушништвото го уништуваат системот.
Во време кога светот се соочува со тектонски геополитички промени – економски војни, нови сојузи, безбедносни предизвици – Македонија ќе тргне напред само кога:
• ќе престанеме да ја прифаќаме корупцијата како „нормално“,
• ќе почнеме да бараме одговорност, а не услуга,
• ќе му дадеме простор на чесниот човек, а не етикета.