Претседателот на Р.Б. Лајпциг, Оливер Минзлаф ги коментираше информациите дека напаѓачот на тимот, Тимо Вернер се согласил да се пресели во Челси за 60 милиони евра.

– Ние не сме се договоривме со никој. Досега ниту Вернер ниту клубот не потпишале ништо. Немаме што да кажеме на оваа тема. Не сакаме да шпекулираме за тоа, изјави Минзлаф за „Скај Германија“.

Вернер има 31 погодок и 12 асистенции на 40 натпревари за Р.Б. Лајпциг во сезоната 2019/20.

За 24-годишниот Германец заинтересиран е и Ливерпул.