Денеска ги проследивме овие случувања, оваа заедничка седница на двете влади. Ова е стандардна би рекол работа што секоја држава би сакала со своите соседи да ја направи, една заедничка седница на влада, каде најчесто се зборува за многу меморандуми, за многу договори, дали се дел од здравството, дали се дел од економијата, изјави на Алфа ТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Но политичкиот момент е многу важен на овие средби. Ние не можевме доволно да видиме што се случува со оние фамозни 5+1 што беа точки во еден така наречен нацрт договор што треба да се случи. Или можам да кажам дека позади завесите се разговара за многу точки што ние не ги знаеме за да ги дебатираме. Но тоа е целата суштина. Ние многу пати во минатото еве и сега ќе повторам, сум кажал дека, зошто е грешка тој договор, што се потпиша со Бугарија, бидејќи нема реципроцитет, истакна Мисајловски.
Тој додаде дека кога тој учествувавл во ваквите разговори со Бугарија, единственото барање кое тогашните власти го имале, е тоа да има реципроцитет.
Ако Бугарија бара, Бугарите да влезат во нашиот Устав, зошто тогаш Македонците да не влезат во бугарскиот Устав, додаде Мисајловски.
-Има луѓе кои што се чувствуваат како Македонци во Бугарија. Но тоа прашање знаете како, стана една енигма, да не можете да зборувате дека има Македонци во Бугарија. Па, да има! Не треба да се срамиме од тоа. Ние не треба тие луѓе да ги запоставиме, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека тој имал многу средби во минатото со луѓе од таму кои се борат за своите права