Македонскиот атлетски шампион Дарио Ивановски од денеска ќе биде ангажиран во Министерството за одбрана, каде своето знаење, искуство и професионален пристап ќе ги насочи кон унапредување на физичката подготвеност на припадниците на Армијата.

Информацијата ја објави министерот за одбрана Владо Мисајловски, во која пишува дека Ивановски со својата дисциплина, борбеност и спортски дух е пример за сите генерации.

-Со гордост ги поддржуваме оние кои со својот труд, истрајност и посветеност ја претставуваат Македонија високо на светските спортски сцени, напиша Мисајловски својата објава на Фејсбук.

Како што пишува министерот, успесите на Ивановски се потврда дека со посветена работа, истрајност и вистински вредности се постигнуваат големи резултати.

Како дел од новиот ангажман, македонскиот шампион ќе помогне и во работата на Советот на воени спортови.

Министерот Мисајловски му посака успех во новиот професионален предизвик.