„На изборите се случи народ. Граѓаните се одлучија за промени во Македонија. На овие избори победи народот. Еуфоријата се уште се чувствува, но ние како раководство, како партија веднаш почнавме со работа“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Мора тоа да го направиме, пред нас се очекуваат големи очекувања. Кога имате толкава голема победа, кога народот навистина ви дава многу надеж, тоа се големи очекувања. И ние се што ветивме во предизборието мора да го исполниме до крај“, нагласи тој.

Мисајловски додаде дека граѓаните се одлучија за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ја увидоа разликата по локалните избори.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ неуморно работат секој ден со цел општините да станат подобро место за живеење. Граѓаните се уверија дека се што вети ВМРО-ДПМНЕ исполни.

„Народот овој пат максимално даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Народот излезе да го казни СДСМ и ДУИ, но даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е сериозна обврска кон нас. Над половина милион луѓе во Македонија дадоа поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Мислам дека ова најголемата победа историска која што ја има партијата во позиција на опозиција“, појасни Мисајловски.

Тој посочи дека низата скандали, тендери во четири очи, големиот криминал и корупција им пресудија на СДСМ и ДУИ. Во текот на гостувањето се осврна и на средбата со Влен и што се дискутирало на истата таа средба.

„Имавме една првична средба, зборувавме за принципите, зборувавме за она што е партнерство, зборувавме како да се продолжи напред, што е најважно за граѓаните, и се разбира зборувавме за столбовите кои што мислиме дека се заеднички и кои може да не сплотат. Не се зборува за кадровски прашања, не се зборува за поединечни работи, туку се зборува дека економијата е најважна област каде што сите можеме заеднички да се сплотиме“, укажа Мисајловски говорејќи за што се зборувало на средбата со Влен.

Тој додаде дека без добра економија нема да има повисоки плати, нема да има повисоки пензии. Без инвестиции невработеноста ќе се зголеми, и државата ќе стане сиромашна. Исто така време е да профункционира правдата во Македонија, секој кој се огрешил пред законот треба да одговара. На средбата станало збор и за евроинтеграциите на Македонија за кои што се сложиле двете коалиции дека тоа е неопходно за државата.