Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски објави дека денеска во Собранието гласал против промена на Уставот
-Денеска ВМРО-ДПМНЕ и КОАЛИЦИЈАТА гласавме ПРОТИВ уставни измени !!! ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да се погазува македонскиот национален идентитет ниту пак да се негира македонската историја, култура и традиција. НЕ за уцени под бугарски диктат! НЕ за негирање на македонскиот народ! ВРЕМЕ Е ЗА ВРАЌАЊЕ НА ГОРДОСТА КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ !!! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, објави Мисајловски.