Особено ми е драго да се видам и поразговарам со пензионерите. Тоа се луѓе кои се исполнети со мудрости и искуство, луѓе кои нас не израснале и време е сега ние да им вратиме, да им обезбедиме повисоки пензии, подобар и квалитетен здравствен систем и да им овозможиме нормални и достоинствени пензионерски денови, објави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2 Владо Мисајловски.

Заедно со Дарко Костовски градоначалник на општина Бутел си подадовме рака со пензионерите од општина Бутел за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензионери кое е предвидено во програмата “Платформа 1198” и овозможување на мирен и спокоен пензионерски живот на сите пензионерите.

Пензионерите од оваа општина недвосмислено ни ја даваат поддршката и посакуваат промени и подобри времиња за сите граѓани, пишува во својата објава Мисајловски.