Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ја предводи македонската делегација во работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски.
Во Пентагон тој оствари низа средби меѓу кои и со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика.
-Со задоволство можам да истакнам дека имавме продуктивни консултации на кои што уште еднаш ја потврдивме македонско-американската одбранбена соработка, идните сојузнички приоритети, вклучувајќи ги учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалната безбедност и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт, вели Мисајловски за посетата на САД.
За време на посетата на САД, министерот оствари работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.