Со неколку фотографии на ФБ, истанбулчанецот Гокхан Караташ го одбележа 26 октомври, како ден кога во 1912 година Грците влегуваат во Солун. Тоа е прв пат во историјата кога грката официјална власт стапнува со нога во овој град.

Приказната за паѓањето на Солун, но и поширокиот контекст на Балканските војни, ја имате на линкот под фотографиите на Гокхан, раскажана пред повеќе години од професор Јусуф Хамза, во разговор со Дарко Јаневски, при што изнесува дотогаш непознати податоци за макеоднскаат историографија. Според него, паѓањето на Солун и ден денес е мистерија за турската историографија, бидејќи не е испукан ниту еден куршум, а турската војска во тоа време е една од најмоќните во Европа и светот. Впрочем, само неколку години подоцна, истата војска која така срамо трпела порази на Балканот, а Солун го предала без испукан куршум, кај Чанак Кале ги поразиле здружените војски на Франција, Англија итн.