Во Бугарија вчера починал вториот лекар за кој како причина е заведен вирусот Ковид 19. Овој случај, меѓутоа, внесува прилично голема забуна кај бугарскиот кризен штаб на чело со генерал Мутафчиев, кој се сметаше за прилично успешен во борбата со вирсуопт, бидејќи за разлика од Македонија, која има над 40 смртни случаи на еден милион жители, Бугарија има помалку од десет.

Но, во овој случај, станува збор за лекарка од Центарот за итна медицнска помош. Откако се заразила, била примена на лечење и по подобрување на состојбата и два негативни теста, била отпуштена, со препораки да го продолжи лекувањето во домашни услови.

Но, состојбата и се влошила. Успеала да пристигне во Итниот центар на Александровата болница во Софија, имало потреба да биде интубирана, но нападот на болеста бил толку силен што лекарите не успеале да ја префрлат ниту до интензивното одделние. Нивната колешка починала.

Накратко, ова е хронологијата која ја раскажал Мутафчиев. Од неговите зборови може да се заклучи дека на еден од тестовите кој е направен по нејзиното пристигнување во болницата повторно била позитивна, а се чека резултатот од уште еден ПЦР тест и тоа е тоа што сега внесува проблеми и забуни.

Самиот Мутафчиски посочил дека постои истражување на лекари од Хонг Конг спроведено врз група излекувани пациенти, кај кои по некое време повторно биле пронајдени траги од вирусот.

Бугарските медиуми потсетуваат и на предупредување од италијански лекари кои кај девет лица, излекувани од Ковид 19, повторно констатирале дека се заразиле. Според Мутафчиски, сето ова ја доведува под прашање теоријата за изградба на имунитет по прележување на вирусот. За ова пишуваме и ние на Денешен.мк. Прашањето е дали ова се однесува и на евентуалната вакцина. Како што е познато, вакцината функционира на тој начин што во организмот се внесуваат ослабени елементи од вируот, па организмот создавајќи антитела против нив, штити и од напад на самиот вирус.