Искажано на денешната седница на Советот на општина Кавадарци (всушност вчерашната седница од 25 септември). Ова е линкот до целосниот извештај на КТВ и до видеото од повеќе од 4 минути во кое говори Митко Јанчев, градоначалникот на општината. Ако го ислушате целото видео или скратената верзија која ние ви ја емитуваме, посветете внимание и на неговиот речник.
Ние ви пренесуваме 40 секунди од овој говор (без дотерување на речениците и зборовите). Во тие 40 секунди тој вели:
„Она што го спомнавте, колку е добар Зоран Заев, колку е добар претходниот, колку е добар Мицкоски, колега, јас би повикал, би кажал една работа: Дај Боже, сите…, ова нека не биде навреда према мојта лична партија, ова нека биде лично мое мислење, дај Боже да сме сите како Зоран Заев, и да бидеме флексибилни и да можеме да работиме. Ако така стигнеме, двете страни да го постигнеме истото, а и вие тоа да го остварите во делот на општеството, ние че бидиме држава Швајцарија…“
Ова е човекот кој велеше дека ќе го презел ВМРО-ДПМНЕ, човекот кој би сакал сите, веројатно и тој самиот, да биде како Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ во кандидатурите за разни позиции има направено илјадници катастрофи , ама ова… е ова е веројатно еден од врвовите. И баш не интересира, дали и децата ги воспитува да бидат како Зоран Заев? Дали сите да ги воспитуваме децата да бидат како Зоран Заев?