Тоа е паничен рефлекс, изјавува новинарот Александар Митовски, за изјавата на Зоран Заев и другите функционери, во врска со објавувањето на исказот од рекетираниот бизнисмен Јордан Камчев.

– Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција (Инфомакс), не е ништо повеќе од паничен рефлекс во момент кога станува јасно дека она што го зборувал било невистина, вели Митовски.

Тој додава:

– Соопштението на ОЈО, но и етикетирањето за мене и нашиот медиум, повеќе личи на политичка порака, отколку на соопштение од правосуден орган. Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува Митовски.