Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија од февруари, 2021 година, изготвена од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија (во понатамошниот текст: Методологијата), е спорна од следните причини:

На страна 29 од Методологијата, точка 6.2 Религија, Прашање: Религиска припадност (вероисповед) се наведува:

„Во согласност со членот 19 од Уставот на Република Македонија, на граѓаните им се гарантира слобода на вероисповед, што значи граѓаните можат слободно и јавно да ги изразуваат своите верски и духовни верувања. Лицето што се попишува може по сопствена волја да даде одговор на ова прашање, независно дали е запишан во книгата на припадниците на некоја вероисповед. На ова прашање, попишувачот е должен да го запише одговорот за кој се изјаснило лицето, односно попишувачот не смее да влијае врз граѓаните да се изјаснуваат за вероисповедта против своја волја. Попишувачот е должен и на ова прашање да го внесе одговорот со кој лицето се изјаснило за својата религиозна припадност. Попишувачот не треба да ги чита понудените одговори, туку само го прашува лицето за неговата религиозна припадност. Ако религиозната припадност за која се изјаснило лицето ја нема во понудените одговори, тогаш одговорот треба да се запише текстуално.“

Наведената точка од Методологијата е спорна и неуставна, од причина што истата не содржи соодветна класификација за “религиска припадност (вероисповед)“ на Православни христијани, со изоставање на точно определениот назив на институцијата Македонска Православна Црква. Во членот 19 од Уставот на Македонија и уставниот Амандман VII кон Уставот, со кој, со точката 1 се заменува ставот 3 на членот 19, а со точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот, имплицитно е одредена вероисповедта: „1. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви по закон. 2. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. 3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 19, а со точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Македонија.“

Македонската Православна Црква е уставно детерминирана како институција, што имплицира и детерминација на вероисповедта Православни христијани. Од уставното нормирање произлегува и потребата од имплементација на адекватна класификација во Методологијата, како и во формуларот за организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.
Ние, како митрополит на МПЦ‒ОА, антиципативно и благовремено инициравме превенирање на штетните последици од несоодветно изготвената Методологија за спроведување на пописот.

Се навестуваше статистичка измама, која ја предвидовме, дека со додавањето на неуставната опција за верско определување “христијанин“, се прави можност за КАУЗАЛНА ИНВЕРЗИЈА, за погрешно идентификување и запишување на дел од Православните верници. Конесеквенцијализмот од инверзијата е опасен преседан за МПЦ‒ОА! Таквите последици, сме ги оцениле како штетни за МПЦ‒ОА, бидејќи постои можност дел од верниците статистички да се прелеат во друга, уставно неутврдена, верска група. Во моментот, проценките за можни штети, се веќе настанати.

Затоа, е потребно да бидат поднесени правни средства за заштита од дискриминација, сторена преку несоодветно изготвената Методологија за спроведување на пописот и за заштита на интересите на Православните христијани и МПЦ-ОА.

Импликациите (последиците) од неисправните податоци за категоријата “христијани“ – претставуваат погрешно вградени ментални модели коишто може да бидат катастрофални за МПЦ-ОА!
Оваа констатација е порелевантна кога е вметната во поглобалната цел за пилотирање на авионот – македонско-православниот верско-политички конструкт, како статистички инсуфициентен фактор од глобален (сеправославен) аспект.

Пописот во Македонија произведе верски (православен) и општествено-политички реинженеринг, со цел да се произведат посакуваните карактеристики кај целната популација. Општествено-политичкиот и вклучително верскиот реинженеринг може да се сфати и како детерминистичка појава, каде што се реализираат намерите и целите на архитектите на новиот општествено-политички конструкт, во којшто се најде и самата МПЦ-ОА, во услови кога таа се бори да ја докаже својата правно (канонски) неспорна/несоборлива автокефалност. Сепак, резултатите од пописот, за МПЦ-ОА, не се нетривијална задача во глобално динамичната ситуација, бидејќи со резултатите од пописот, со намаленото количество православни, ѝ е намалена моќта да докажува статистичка сигнификантност (значајно мнозинство) во борбата за меѓународно (сеправославно) утврдување на својата автокефалност, со оглед на значителното намалување на статистичката количина православни во Македонија.

Погрешно вградените ментални модели, наместо да бараат контрадикторни докази, тие имаат тенденција да се вклопат во конзистентни податоци, иако неточни. Овој феномен е наречен пристрасност при потврдување релевантност. Нејзиниот главен несакан ефект се состои во превидување на контрадикторни податоци. Ова е едно објаснување за зајакнувањето на неисправните, погрешно вградени ментални модели. Соодветен е примерот при паѓање на авионот, при одлучувањето, кој од двата мотори е неисправен и врши дисфункција на авионот. Откако е донесена погрешна одлука, погрешно вграден ментален модел, веројатно го потврдува верувањето на управувачкиот екипаж на авионот дека го исклучиле неисправниот мотор.

Потребно е да го нагласиме негативното влијание на истовремените случувања на податоците од пописот во графата “христијани“, како неуставно вметната категорија, врз точноста на менталните модели. Тој момент, е моментот кога менталните модели кај народот, верен на православието, ќе тргнат наопаку. Таквиот општествено-политички и верски реинженеринг, има за цел да истакне интересен психолошки феномен кој влијае на “точноста“ на менталните модели.

Сепак, овие неточно вградени ментални модели секогаш водат до несреќи, во поглед, на откривањето и компензацијата на грешки коишто се значајни карактеристики во обработката на информациите кај народот во една држава или во неговата вера. Социјално-инженерските кампањи поттикнуваат постепени, но на крајот далекусежни промени.

Употребените методи за идентитетска конверзија се архитектонско-дизајнерски тактики за да послужат како “социјален и верски кондензатор“, кој ја менува агрегатната состојба на верниците, и има цел трајно да им ги променат личните вредности и приватните односи.

(Автор на текстот е: Неговото Високопреосвештенство г. Григориј Митрополит Кумановско-Осоговски)