МИТРОПОЛИТ Кумановско-осоговски Г. ГРИГОРИЈ

ОДРОДЕНИОТ НАРОД!
Преферираниот говор на митрополитот Агатангел на МПЦ-ОА, воопшто не содржи инвективна форма (Invectus) против политичките непријатели, и не вклучува иронично-саркастична креација против никого. Митрополитот Агатангел изрече апологија за една политичка појава, којашто е природно право за самопределување. Идеолошка борба кон којашто сите сме обврзани!

Тоа не е обвинение кон некој субјективитет (правен или политички), туку е обвинение кон негативен политички феномен. Спротивно, пак, одбраната (апологијата) за уставниот и политичкиот поредок е експлицитна. Смислата на расудувачкото говорништво е целосно запазена и е задржана вистинитоста на тврдењето (масовно спротиставување на обезличувањето на Македонскиот народ).

Обвинението за спроведување политичка пропаганда е целосно неосновано. Тоа, се однесува на општо-народната надеж, дека конкрететните чекори на Мојсеј, се чекори со кои ќе нè изведе од пропаста на асимилација, деидентификација и станување автономна област (субординирана провинција на соседите). Оваа надеж и поддршка, не се дава никому a priori и бланко, особено не ја дава народот со неговата репрезентативната демократија и не се доделува на обезличен Мојсеј, туку на строго познат водач со Македонски идентитет.

Панагиричкиот говор на митрополитот Агатангел, е епидеиктички и е докажан, бидејќи постои доза на возвишеност во изјавите за Мојсеј, и создаваат надеж кај Македонскиот народ, дека ќе запре македонската деидентификација.

Во услови кога е нотиран стремежот за тиранија на власта кон народот, сеедно на политичкиот спектар – лев или десен, тогаш е дозволено да се употребат инвенции против тиранијата,за ослободување на народното мислење и длабоко вкоренета омраза кон тоталитаристичкиот и монархистичкиот метод (odium regni) на преуредување на политичкиот поредок во државата. А кога е игнорирана народната волја, тогаш вигинтилизмот е легитмно право на народот.

Народот, во една држава мора активно да се спротивставува на прекршувањата на традициите на неговите предци (mos maiorum – преродбенички институции на македонските револиционери). Во спротивно, премолчувањето на народот (tacit agreement) ќе овозможи да се реализира заканата за општествено и политичко исчезнување на Македонскиот народ и неговата држава.

Целта е да се идентификува и да се прогласи непријателското делување против Македонската држава (hostis publicus). А, народот е тој, кој треба да се спротивстави на пропагандните алатки на непријателските освојувачи (external political interference) и нивните внатрешни соработници.

Свето Писмо (Библијата) нè упатува на владеење со народот, не присилно, драговолно (1 Птр 5, 2‒3), исто така, и „Универзалната декларација за човекови права” на Обединетите нации, во 21 член, утврдува дека волјата на народот е основа за авторитетот на Владата.

Општо и познато начело во меѓународното право е дека за народот не е прифатлив и не е спроведлив омразениот (непосакуван) долг (odious debt), познат и како нелегитимен долг, настанат со деспотски методи. Ваквите долгови, се сметаат за лични долгови на власта, а не за долгови на државата или на народот, посебно ако државната власт без плебисцит ги промени уставните регулации за идентитет (јазик, култура, национална припадност..). Во некои аспекти, концептот е аналоген и за невалидноста на договорите потпишани под меѓународна принуда.

Државата и нацијата се премногу значајни (summum bonum/највисоко добро) за да им бидат препуштени само на политичарите.

На народот му е потребна духовна благосостојба, но и социјален договор. Духовната благосостојба на народот е во корелација со позитивното право и со владеењето на Владата, којашто (преку парламентот) донесува и спроведува закони што се во согласност со граѓанската (народната) волја. А, законските права (legal rights) треба да го содржат социјалниот договор во форма на класичен (немонархистички и нетоталитарен) поредок на владеење на народот. Природното право за национално самоопределување е ius cogens норма од којашто не дозволува отстапување по пат на договори што ја дисквалификуваат нацијата.

Црквата постои во светот, и има свое одредено устројство (уредување ‒ поредок), коешто мора непроменливо да го чува, заради правилно достигнување на нејзината задача ‒ возглавување на човештвото во Христос. Христоподобноста на народот се достигнува преку духовна невознемиреност, којашто, пак, доаѓа од материјално и морално-правна очистеност. Црковната власт, освен духовната страна на човекот, мора својот делокруг да го простира и на неговите световни односи, како член на видливиот и правилно уреден црковен и морално-правен организам. Оттука, Црквата нужно го распростира својот интерес и во јавниот интерес, набљудувајќи го морално-правниот интерес на народот. Црквата останува во мир со власта, но секогаш применува анти-SLAPP (strategic lawsuit against public participation) метод (против цензурирање), со цел да се заштити слободата на човекот, преку слободата на говорот за морално-правната неправедност спроведувана против народот.

Црквата ја набљудува духовната вознемиреност на човекот, и секогаш кога е вознемирена волјата на човекот (на верникот), од страна на власта, поднесува духовни импликации од злоупотребата на владеењето со него. Затоа, Црквата е должна да биде регулатор на власта, кога таа неправедно ја вознемирува волјата на народот. Но, Црквата (клирот) не смее неосновано да ја навредува власта, а сепак може да ја укорува власта, за злоупотребување на уставниот поредок или за неправичност што е загарантирана со природното право (natural law), што се однесува на верниците и нивната вознемиреност во врска со злоупотребите.

Одродувањето на народот, односно националната обезличеност на човекот (следната фаза на политички поредок во светот ‒ Интернационализам), создава генетски модифицирани интернационалисти, без национална припадност. Треба ли анационалноста, експериментално да започне со Македонскиот народ?

Македонија е библиска земја, Македонскиот народ е библиски народ, со посебен идентитет, право на самоопределување и право на своја суверена, независна и самостојна држава Македонија!