Бугарија објави официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши, а меѓу нив и колку Македонци заради работа во земјите членки на ЕУ решиле да извадат бугарски пасоши.

Како што наведува бугарската новинска агенција БГНЕС, во последниве 15 годни бугарски пасоши извадиле вкупно 86.566 граѓани на Република Македонија.

Тоа е многу помала бројка отколку што сакаа да претстават бугарските власти. Претходно се манипучираше со бројки од 200 до 300 илјади бугарски пасоши. Врз овие нереални бројки Бугарија се повикуваше на некакви права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари.

Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3.500 македонски граѓани, меѓу кои има и Албанци.

На второто место по Македонија за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија, а четврта Албанија.