Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин, по завршувањето на настанот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц.
-На настанот се разговараше за глобалните предизвици и актуелната безбедносна состојба во светот. Во дискусијата се вклучија и специјалните преговарачи во процесот за постигнување мир во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп се вклучи телефонски, информирајќи за разговорите со рускиот и кинескиот претседател, рече премиерот.
Мицкоки ја истакна важноста од ваквите средби и што тие значат за нашата држава.
-Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог и придонесува во справувањето со глобалните предизвици, вели тој.




