Гркинката која се фотографираше со маичка на која се гледа избрусено Сонце од Кутлеш во Македонија доби соодветен одговор од македонска страна.
По провокацијата што Гркинката ја објави на Твитер, се појави исто така маичка со македонски одговор. На фотографијата на маичката покрај 16-кракото Сонце од Кутлеш, споменикот на Александар Македонски во Скопје и споменикот од Херонеја, каде што неговиот татко Филип Втори Македонски им нанел тежок пораз на Атињаните и на Тебанците, а во битката учествувал и Александар, пишува:
– Ги поразивме во 338 г.п.н.е. и ќе го направиме тоа повторно!
Најдолу во текстот е и хаштагот: „Никогаш Северна, само #Македонија“.