Во 115 земји во светов се пренесува(ше) „Фајнел фор“ на европскиот ракомет, само во Македонија, земјата на европскиот шампион, пренос немаше, реагираат Млади за Македонија на нивната Фејсбук страница.

– Едни од нив се Мадагаскар, Конго и Брегот на слоновата коска. Владата може да издвојува средства од граѓаните за геј паради и лубриканти од над милион евра, а за ТВ пренос за нас најголемиот спортски момент во нашата историја нема?! Нели оваа година имаме најголем буџет, нема ли средства од тој буџет да се издвојат за вакви национални работи, реагираат Млади за Македонија.

Во постскриптум го одговараат и прашањето зошто Македонците кои повторно имаат европски клупски шампион во ракомет не можеа да се радуваат:

– Ние го знаеме одговорот зошто нема пренос. Проблемот не е во недостиг на средствата, проблемот е што кога игра Вардар се пее никогаш северна, само Македонија! Проблемот ви е што цел свет виде што значи да си proud, цел свет ги виде нашите знамиња од Кутлеш! Проблемот ви е што мислевте ќе изгубат дека не земале плата 10 месеци, а тие играа како да им е последен натпревар во животот! Проблемот ви е што светот виде дека на сила ни го сменивте името, виде како се гадиме од проектот северна!

Во реакцијата до властите Млади за Македонија додаваат:

– Тие (шампионот Вардар) ќе бидат пречекани како вистински македонски херои, а не како вашата (наместена на Евровизија) северна Тамара. Тие ќе ја поминат портата Македонија со 100.000 македонски народ, сакале вие или не, тие ќе бидат пречекани таму каде што стои нашиот крал Александар Македонски со зборовите: Македонија, Македонија! Е тоа ви е на вас проблемот почитувана Владо, што од тука почнува освестувањето на заспаниот Македонец и тоа е процес од кој нема враќање назад. Замислете 100.000 освестени Македонци еден до друг, рамо до рамо едно име имаме на плоштадот Македонија како во времето кога не бевме под окупација! И на најтемната ноќ и доаѓа зора да ја осветли! Македонија била и ќе биде!- порачуваат Млади за Македонија.