Млади за Македонија, студентската организација која се бори против промената на името, на социјалните мрежи излезе со повик за волонтери.

„Објавен повик за волонтери за кампањата #Бојкотирам
#Бојкотирам е непартиската кампања за бојкот на референдумот за Северна Република Македонија. Кампањата е веќе започната, а наскоро ќе почне и улична агитација преку делење флаери, штандови, постери инт. Потребни се волонтери кои сакаат и имаат време да помогнат за одвивање на кампањата.“

Во повикот се вели дека се потребни волонтери за лобирање во Европската Унија.

„Млади за Македонија организира кампања за лобирање во Европските институции против промена на нашето име и за нацрт-резолуција во Европскиот парламент за признавање на Република Македонија под уставното име. Потребни се волонтери кои професионално зборуваат некој од јазиците на земјите-членки на ЕУ, и имaaт желбa дa стaпaт вo кoнтaкт сo пратеници во Европскиот Парламент. Сите инструкции за лобирањето ќе ги добиете од тимот кој е задолжен за лобирање во ЕУ парламентот. Сите заинтерасирани може да се пријават на следниот линк. Целата кампања е водена од млади македонски студенти и професионалци кои работат преку студентската организација Млади за Македонија. Кампањата е целосно непартиска, и позади неа не стои ниту една политичка партија.“