Меѓународниот монетарен фонд проценува дека светот денес е позадолжен отколку во 2008 година и дека глобалната економија е изложена на поинакви политички приоритети и нови економски и финансиски ризици.

Прогнозата за економски раст за оваа и селдната година е намалена од 3,9 отсто во април на 3,7 птсто со неколку светски исклучоци меѓу кои Саудиска Арабија и Русија.

Во деценијата по глобалната криза, севкупните долгови на светот (јавни и приватни) се зголемени за 60 отсто. Тие денес изнесуваат 182.000 милијарди долари.

По оценка на ММФ недоволните реформи на финансискиот сектор овозможиле вртоглав раст на светксиот долг за кој како и во 2008 година не е јасно дали во целост ќе биде вратен. Како еден од најголемите проблеми се потенцира трговската војна меѓу САД и Кина.