Маурицио Занфанти, 63 години, станал познатуште на 17-години. Работел како промотор на ноќен клуб, а неговата задача била да наговори што е можно повеќе девојки за да влезат во клубот. Но, не ги мамел само таму. Како што самиот тврди, ако летото било успешно, тој спиел со 200 жени.

Во 1986 година, италијанскиот весник „Еспресо“ го нарече „најуспешен италијански љубовник”.

Многумина го нарекувале Ромео од Римини, бидејќи повеќе од 6.000 жени поминале низ неговиот креветот, но една од нив во вторникот скапо го чинеше.

Имено, Занфанти починал за време на сексот со 23- годишна девојка. Тој добил инфаркт додека забавувал туристка од Источна Европа на својот имот. Шокираната девојка повикала брза помош, но не можело веќе да му се помогне на Италијанецот.

Пред четири години најуспешниот љубовник рече дека сака оди во пензија и дека е премногу стар за сè, но не го одржал зборот, па во вторникот трагично почина.