Маж од австрискиот град Санкт Пелтен, е фатен како со своето „Порше 911 ГТЗ“ на автопат го преминува ограничувањето на брзината за 200 километри на час.

Полицискиот мерач регистрирал 338 километри на час.

Полиција се обидела да го запре возилото, но не успеале во тоа се дури не добиле засилување од повеќе патроли. Тие направиле препрека пред која „Поршето“ морало да закочи.

При тоа било утврдено дека 34-годишниот возач немал возачка дозвола. Тој го признал прекршокот, нагласувајќи дека е „горд на себе и на своето Порше“.

Авантурата ќе го чини повеќе илјади евра, а и прашање е кога и дали ќе може пак да седне легално зад волан.