Ирачката инстаграм ѕвезда и фото модел Тара Фарес (22) убиена е вчера во Багдад, кога на неа пукал непознат напаѓач.

Министерството за внатрешни работи на Ирак соопштило дека веднаш е покрената истрага.

По пукањето, телото на Тара веднаш било префрлено во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт и да прецизираат дека била погодена со три куршуми.

Тара на Инстаграм имала три милиони следбеници. Живеела во Ербил, главнот град на ирачки Курдистан, но често го посетувала Багдад.

Откако била потврдена веста за нејзината смрт, нејзините следбеници почнале да се простуваат од Тара на социјалните мрежи со коментари дека настрадала млада девојка која отворено се борела против конзервативните ставови кон жените во Ирак.

Нејзиното убиство се случило само неколку дена откако во Басра била убиена Суада ал-алиа, активистка за човекови права.