Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на онлајн видеоконференција во коорганизација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, насловена „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“.

Покрај министерот Димитров, соопштија од МНР, други учесници на виртуелниот панел се: Александрос Диакопулос, советник за национална безбедност во кабинетот на премиерот на Грција, Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, и Катерина Соку, новинарка од грчкиот дневен весник Катимерини и дописничка од Вашингтон.