МНР И МО на Димитров и Шеќеринска за четири дена среде криза потрошиле 2,5 милиони денари за патувања во странство

/ 24.03.2020

Министерството за надворешни работи предводени од министерот Никола Димитров за четири дена, во услови на вонредна состојба во државата поради корона вирусот има потрошено милион ипол денари за патувања во странство, покажуваат табелите објавени на социјалните мрежи, обајвува Република.

Според нив МНР со 1.457.517 денари е на врвот на листата според потрошени средства. Потоа доаѓа Министерството за одбрана, предводено од Радмила Шекеринска со 1.042.398 денари. Вкупно биле потрошени 73.475 евра за патувања во странство во период од 17 до 20 март годинава. Каде и со што патувале во странство во период на криза е отворено прашање.

Висока е и потрошената сума за репрезентација во овој период. Според листата унституциите потрошиле 50.053 евра во период кога лидерот на партијата на власт, Зоран Заев предлага кратење на платите на администрацијата поради кризата во која се наоѓа земјата со корона вирусот. Повторно на врвот е министерството предводено од Димитров – 1.100.058 денари, а потоа Одбрана на Шекеринска со 361.183 денари.

За ова вечерва во своето гостување во МТВ зборуваше и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Од една страна трошат 8 милиони денари за 4 дена, помеѓу 17 и 20 март за репрезентации и за патувања во странство, а од друга страна ни велат ќе покриваме аражмани на туристички агенции и ќе кратиме плати во администрацијата, на што личи тоа? Зар они мислат дека за овие две недели од што не се симнуваат од прес конференции народот ќе им ги заборави овие три години. Нека не се лажат, дециден е Мицкоски.

Шекеринска пак ги демантираше ваквите тврдења.


Од истата категорија