Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Република Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со наши студенти кои студираат на Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Македонија и овој регион на Турција, соопшти МНР.

Почесен конзул на Република Македонија во Турција со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, со седиште во Едрене, е Есер Џевахир.