Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во оваа дрѓава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

– Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на РС Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732, се наведува во соопштението од МНР.

Така гласи пораката од МНР на земјата од која до пред извесно време патуваа министри во посета на македонските војници во мировната мисија и изјавуваа дека и ние во оваа азиска земја извезуваме мир.