Бугарија сè уште не испратила воена и воено-техничка поддршка за Украина. Tоа на прес-конференција во Министерството за одбрана го објасни заменик-министерката за одбрана на Бугарија, Катерина Граматикова. Изјавата беше по шпекулациите во медиумите дека државата испратила оружје пред Законот за ратификација на Договорот меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и Украина за бесплатното обезбедување на вооружување, опрема и муниција, јави БТА.
– По повод загриженоста на јавноста дека Националното собрание ќе биде изолирано од обезбедувањето дополнителна помош за Украина, Министерството за одбрана подготви амандман на договорот, објави Граматикова.
Таа објасни дека со текстот на договорот беше надмината правна празнина во бугарското законодавство и создаден е правен предуслов државата да може да го реализира. Во денешниот број на Државен весник е објавен законот.