Во делот на модернизација, согласно буџетот и она што е планирано ги сервисираме сите обрски, како што знаете стигнаа сите ЏИВАТИ возила, во понеделник на пристаништето во Солун стигаат сите страјкери, така што до крајот на месецот ќе имаме нова можност каде што ќе го заокружиме целиот овој процес на договорот со САД, каде што во тотал имаме договори од околу 339 милиони евра, информираше денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.
-Од новите договори со САД, сакам да информирам дека потпишаме договори за лесно пешадиско воружување, набавка на безпилотнио системи, опрема за сајбер заштита на единициете за лесната пешадиска баталјонска група, опрема за сајбер заштита на Министерството за одбрана, опрема за џеј таг, за блиска воздухопловна поддршка, радио уредни, надградба на симулацискиот центар во Велес, технички публикации, каталог на резервни делови, тренинг и обука на кадарот, но започнавме уште нови договори каде што во следниот период ќе се заокружи процесот и во владата ио во Собранието, појасни министерот Мисајловски.




