Секојдневно читаме за здравата страна на јаткастите плодови како оревите и бадемите, при што нивните „роднини” фстаците се неоправдано запоставени.

Овој мал плод, зелен од внатре, е моќен сојузник за забрзување на метаболизмот, голем непријател на лошиот холестерол и значителен помошник во забавувањето на процесот на стареење.

Фстаците се богати со антиоксиданси, витамин Е и влакна кои се од суштинско значење за нашето здравје.

Овој мал плод крие тајни кои се од неверојатно значење за нашето здравје.

Со консумирањето на фстаци за само неколку недели може да го намалите лошиот холестерол за неверојатни 20 проценти. Ова се должи на големиот број на антиоксиданси.

Фстаците се одличен извор на растителни влакна, во само 100 гр. се наоѓаат 10.3 гр. диетални влакна, кои

пак се од суштинско значење за забрзувањето на метаболизмот.

Е витаминот штити од одредени форми на рак. Може да го намали ризикот од појава на рак за дури 30 проценти.

Фстаците ја зголемуваат сексуалната моќ на мажите. Според едно неодамнешно истражување фстаците

ја зголемуваат сексуалноста на мажите за 51 процент за што се одговорни есенцијалните масни киселини.

Tие помагаат во создавањето на сексуални хормони и го зголемуваат протокот на крв во гениталиите.

Во фстаците има рекорден број на антиоксиданси кои се неопходни за регенерација на клетките и токму поради тоа фстаците се нарекуваат приреден ботокс. За борба против брчките се препорачуваат 5 до 10 фстаци дневно.