Исцеден сок од половина лимон измешајте го со една лажица мед. Пијте по една лажичка од смесата на секој час. Комбинацијата на мед и лимон има благотворно влијание врз грлото, ја зајакнува слузницата, го отстранува засипнатиот глас и го зајакнува имунитетот.

Овие својства се должат на високата содржина на микроелементи и витамини во медот, а имаат и антисептично дејство. Исто така тие содржат висока содржина на витамин Ц во сок од лимон.

Камилица и мед

Ставете една лажичка цветови од камилица во една чаша топла вода. Запарете ги околу 10 минути, по што прецедени додадете им една лажичка сода бикарбона, една лажица мед и 2 – 3 капки јодна тинктура. Исплакнете го грлото (правете си гаргари) колку што е можно почесто, и барем 20 минути по процедурата не пијте вода, ниту пак јадете.