Министерот за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на посетата на Молдавија како претседавач со ОБСЕ, јавуваат молдавските медиуми, објави информативната агенција на албански јазик Журнал.
Во текстот на Журнал што го пренесува Експрес се вели:
Според пишувањето на медиумот Реалитатеа, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден меец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион. Реалитатеа пишува дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија, регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот.
Како што пишува овој информативен портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил, во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.
Како што пишува Реалитатеа, по спречувањето на оваа намера кај Бендер, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за градот Кишинев, но тогаш сторителот се откажал од идејата на го нападне Османи, претседавачот на ОБСЕ, за да не го ризикува сопствениот живот.