Преблагословена Владичице, Секогаш Дево Богородице која Бога Словото, Кој е над секое слово си го родила, и благодатта Негова повеќе од било кој друг си ја примила, која си покажала море на божествени дарови, и река на чуда која непрестано тече изливајќи им благодат на сите оние кои со вера приоѓаат, поклонувајќи ѝ се на чудотворната икона Твоја, Те молиме Тебе, Семилостива Мајко на Човекољубивиот Владика:
Изли ја врз нас пребогатата милост Твоја и молењата наши кои Ти ги принесуваме, Брзопомошничке, побрзај да ги исполниш бидејќи секому спасение и корист Му подготвуваш. Посети нѐ, Преблага, со благодатта Своја, подари им на болните исцелување и совршено здравје, на вознемирените тишина, на заробените слобода, и сите кои на некој начин страдаат утеши ги; избави го Семилостива Господарке секој град и секоја земја од глад, поплави, земјотрес, потоп, пожар, меч и секоја друга казна, привремена и вечна, со Мајчинската Своја смелост одвраќајќи го гневот Божји; од душевните слабости, напади на страсти и гревопади ослободи ги слугите Твои, без сопнување да поживеат во секаква побожност во овој век, и да се удостоиме на вечни блага во идниот, со благодатта и човекољубието на Синот Твој и Бог, бидејќи Нему Му прилега секаква слава, чест и поклонение со Безпочетниот Негов Отец и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Амин.