Боливискиот претседател Ево Моралес денеска ја обвини Организацијата на Американски Држави (ОАД) дека имала директна улога во државниот удар што доведе до неговата оставка на местото претседател на Боливија.

-Многу верував во ОАД, им кажав да ги пребројат гласовите. За жал, ОАД се приклучија кон државниот преврат, рече Моралес за колумбиската телевизија, пренесен од ТАСС.

Претседателските избори во Боливија беа оддржани на 20 октомври и во нив победи Моралес, прогласувајќи победа уште по првиот круг од гласањето, но по пребројувањето на гласовите неговиот главен ривал Карлос Меса не ги призна резултатите и почна со организирање пртотести.

Оставката на Моралес ја побара војската, опозицијата и бизис унијата, што тој и го направи на 10 ноември, опишувајќи ги настаните во земјата како организиран пуч.

На 12 ноември Моралес со авион побегна во Мексико каде побара и веднаш доби политички азил.