Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова го оцени како цинизам на Западот неусвојувањето на руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Советот за безбедност на ОН на 23 март гласаше за нацрт-руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, каде мнозинство од членките на Советот беа воздржани и не дозволија усвојување на резолуцијата. Им благодариме на Кина, која гласаше за нашиот предлог, и на земјите кои беа ко-иницијатори, истакна Захарова.