Светскиот првак, Марк Маркез, ја извојува и десеттата победа сезона во Мото ГП класата во мотоциклизам. Тој утрово триумфираше на патеката Мотеги, на трката за Големата награда на Јапонија.

Маркез кој на претходната трка во Тајланд си ја обезбеди шестата титула светски првак во Мото ГП, беше доминантен и во Јапонија. Тргна од пол-позицијата, и до крај не виде никого пред себе, туку водеше од првиот до последниот круг.

Само во првиот круг, привремено Французинот Фабио Квартараро го презеде водството, но тоа беше кратко. На подиумот се најде и Андреа Довициозо како третопласиран.

Со оваа победа број 54 во кралската класа, Маркез се изедначи со легендата Мик Дуан, а на екипата на Хонда ѝ ја обезбеди новата титула.