На 25.04.2026 околу 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. „Бутелска“ и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје , се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од с.Шишево, скопско и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(23) од с.Љуботен, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.




