Игуменот на Бигорската обител, отец Партениј е новиот епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а со тоа Бигорскиот манастир станува епископско седиште.

Синодот на МПЦ-ОА го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.

Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Отец Партениј е четиринаесеттиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.