Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Македонија – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.