Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на неговиот унгарски колега Петер Сијарто е во работна посета на Будимпешта. Унгарија е актуелен претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2024-та година.
Евроинтерграциите се во фокусот на средбите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски за време на неговата посета во Будимпешта. Тој преку својот Фејсбук профил ги соопшти информациите за посетата, а Унгарија ја опиша како една од државите со кои споделуваме исти вредности.
Денеска сум во работна посета на Унгарија, пријателска земја со која споделуваме заеднички вредности и еден од клучните партнери во регионот. Во унгарскиот парламент, утрово, остварив средба со заменик-претседателот на Националното собрание на Унгарија, Иштван Јакаб, со кого ја поздравивме парламентарната соработка и нејзината улога во зајакнување на билатералните односи.
Средбата на Муцунски е со клучен осврт на унгарското претседавање со ЕУ.
Треба да мудри, да соработуваме со сите наши пријатели во ЕУ, но Унгарија е и наш партнер во НАТО. Со неа имаме и одредени безбедносни предизвици и безбедносни реформи кои можеме да ги водиме, рече Муцунски за МРТ.
Муцунски одржа и предавање на унгарската дипломатска академија на тема „надворешна политика и геополитика на Македонија“.