По вчерашната убедлива победа на домаќините на Мундијалот против Саудиска Арабија од 5:0, денеска не очекуваат 3 мечеви. Од А групата ќе се соочат Египет и Уругвај во 14 часот, а подоцна ќе си ги одмерат силите екипите од Б групата.

Во 14 часот играат екипите на Египет и Уругвај. Мароко и Иран ќе го одиграат првиот натпревар од Б групата во 17 часот, а вечер во 20 часот ќе се одигра првото дерби од групната фаза помеѓу актуелниот европски шампион Португалија и поранешниот светски првак Шпанија.

Првиот меч на 21 Светско првенство во фудбал селекцијата на Русија на стадионот Лужники во Москва ја победи Саудиска Арабија со 5-0. Стрелци на головите беа Газинскиј (12.минута), два постигна Черишев (43 и 90+1), а прецизни беа и Дуба (72) и Головин (90+5).