Рускиот политичар и именуван претставник на Путин во анектираниот Крим, Георги Мурадов,  денеска изјавија дека е малку веројатно Украина да продолжи да постои во сегашната форма, пренесуваат руските медиуми.

Мурадов изјави дека Украина најверојатно ќе стане федерација или група од држави.

Тој притоа кажа дека ниту една држава, што се почитува, нема да толерира кршење на правата на нејзиниот народ во соседните држави, повторувајќи го со тоа ставот на Москва што таа вообичаено го посочува како објаснување за инвазијата на Украина.