Украина треба да стане полноправен кандидат за пристапување во ЕУ, наместо да биде дел од т.н. пошироко предворје на ЕУ наречено „европската политичка заедница“ предложено од Франција, изјави претседателот Володимир Зеленски.

– Не ни требаат никакви алтернативи на барањето на Украина за пристапување во Европската унија, не ни требаат такви компромиси, рекол Зеленски пред новинарите во Киев за време на прес-конференцијата со португалскиот премиер Антонио Коста во посета на земјата.

Неодамна, францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека би можеле да бидат потребни „децении“ за Украина да стане полноправна членка на ЕУ и дека наместо тоа треба да се обиде да се приклучи на „европската политичка заедница“, еден вид „втора лига“ на Европската унија.