Португалскиот тренер Жозе Мурињо, вечерва ја предводи Рома против Сасуоло (1:0 прво полувреме) во 3. коло од италијанското фудбалско првенство. За Мурињо ова е 1000 -ти натпревар во неговата тренерска кариера, која започна во 2000 година.

Португалецот досега има 637 победи, 204 нерешени и 158 порази.

Мурињо работеше во Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

„Специјалниот“ има освоено шампионати во Португалија, Англија, Италија, Шпанија, Лига на шампиони и Лига Европа, национални купови и суперкупови.

Мурињо дојде во Рома ова лето.