Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо си најдe нова работа и тоа – добро платена.

Португалскиот тренер потпиша договор со телевизијата beIN Sports и ќе коментира фудбалски натпревари, објави Тајмс.

Жозе ќе добива по 67.000 евра од коментирање еден натпревар за катарскиот медиум.

Мурињо ќе дебитира утре на натпреварот од Купот на Азија помеѓу Саудиска Арабија и Катар. В сабота ќе го коментира натпреварот Челзи – Арсенал. Мурњо нема да ги коментира натпреварите на Манчестер Јунајтед.