Фудбалерите на Јувентус го освоија Суперкупот на Италија, осми во историјата, откако го поразија Милан со 1-0.

Натпреварот беше одигран во Џеда, во Саудиска Арабија, а одлучувачки беше голот на Кристијано Роналдо во 61. минута.

Милан во 47. минута погоди пречка по удар на Патрик Кутроне, а од 71. минута беше со играч помалку по исклучувањето на Френк Кеси.