И во денешниот билтен МВР објавува два случаи за нападнати и искасани граѓани од улични кучиња во Скопје.

На 1 мај 2020 во 11.35 часот во Полициската станица Центар, Г.Б.(53) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 1 мај 2020 во 10.40 часот во Полициската станица Драчево, Д.Р.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.