И во денешниот билтен на МВР има три пријавени случаи за нападнати и искасани граѓани од улични кучиња:

На 18.05.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, Г.С.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 18.05.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(61) од Скопје пријавила дека во парк на ул.„Дрезденска“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница и на двете раце.

На 18.05.2020 во полициската станица Кичево, Р.М.(57) од Кичево пријави дека на улица „11 септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.